РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН И РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

ШТО Е РЦЕЛС?

РЦЕЛС обезбедува експертска, техничка и аналитичка поддршка на општините и регионите.

Нашата мисија е да создадеме фер и функционален систем за локален развој заснован на знаење и транспарентност.

ОБЛАСТИ НА ПОДДРШКА

Во кои области работиме?

Урбанизам и инфраструктура

 Животна средина и климатски промени

Локален економски развој

Kомунални услуги

Култура, спорт и млади

Социјални услуги и инклузија

Образование (локални аспекти)

Здравствена
заштита

Заштита, спасување и управување со кризи

Јавни финансии и буџетирање

Јавни набавки

Правно-административни услуги

 Дигитализација и е-услуги

Добро управување и транспарентност

Меѓуопштинска и регионална соработкa

НАШАТА БАЗА НА ЕКСПЕРТИ

РЦЕЛС располага со квалификувани експерти од повеќе области.

Сите се селектирани според јасни критериуми и се ангажираат по потреба, согласно
принципот на фер и рамномерна распределба.

КАКО ФУНКЦИОНИРА СИСЕМОТ?

ПРИКЛУЧИ СЕ НА СИСТЕМОТ НА РЦЕЛС

ЗА ЕКСПЕРТИ

Регистрирај се, прикачи CV и стани дел
од базата на експерти.

ЗА ОПШТИНИ

Најави се и поднеси барање за
експертска поддршка.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Како локалната самоуправа може да побара експертска поддршка преку Ресурсниот центар?

Локалната самоуправа може да поднесе барање преку онлајн формa достапна на нашата страница. По добивањето на барањето, тимот на Ресурсниот центар го анализира и врши поврзување со најсоодветните експерти од базата, во согласност со потребите и специфичностите на проектот.

2. Како можам да се пријавам како експерт во базата на Ресурсниот центар?

Експертите можат да се регистрираат преку делот “Биди експерт” со пополнување на краток формулар и приложување на биографија. Секое аплицирање се разгледува од страна на координаторите на Центарот пред да се одобри вклучување во базата.

3. Дали услугите на Ресурсниот центар се бесплатни за општините?

Основното посредување и поврзување со експерти е бесплатно за сите општини. Заедно со секое барање, општината добива јасен преглед на можните услуги, времетраењето и условите за ангажман на експертите.