Назад кон УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

Протоколарна средба на министерот Перински, со амбасадорот на Швајцарија, Н.Е. Кристоф Зомер

06 ноември 2025

Министерот за локана самоуправа Златко Перински, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија, Н.Е. Кристоф Зомер.
Се разговараше за заедничките активности што се реализираат преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, статусот на имплементација на Ресурсниот центар за поддршка на општините, како и за нови можности за продлабочување на соработката.
Швајцарија е долгогодишен партнер во постигнувањето на целите за рамномерен и одржлив развој на државата.