Назад кон УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

Ќе се формира ресурсен центар за поддршка на општините

15 ноември 2025

На денешната седница на Владата на предлог на Министерство за локална самоуправа беше усвоена Информацијата за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, за таа цел, Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Федералниот департман за надворешни работи, преку Амбасадата на Швајцарија, Швајцарската агенција за развој и соработка (Швајцарска амбасада) и Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС) ќе потпишат анекс 4 на Договорот за спроведување на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.

Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Македонија, преку обезбедување на специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално планирање, финансиското планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување на средства од меѓународни фондови.